Ќе се отвора ли мостот на Вардар, кај Башино Село?

Петар Печков

По информациите дека е можно скоро пуштење на мостот на реката Вардар кај Башино село, ТрМр се обрати до ЈП за државни патишта, дали е точна и кога може да се случи, како и кои возила ќе биде можно да сообраќаат по него?

 „Во моментов е во процедура изготвување на потребните одобрувања за Времен режим на сообраќај за регулирано одвивање на сообраќајот преку мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312 до воведување во работа на идниот Изведувач на временото зајакнување на мостот“  е одговорот од ЈП ДП.

 Следното прашање беше кога ќе започне најавената реконструкција и кој ќе биде изведувачот?
 
„Процесот е во фаза на еваулација, односно во фаза на избор на изведувач“

Последното прашање беше кој ќе биде проектант на новиот мост на река Вардар кај Башино село, колку фирми се пријавија на јавниот повик?
„На јавниот повик се пријавија три понудувачи и во моментов, процесот е во фаза на склучување на договор“ одгворија од ЈПДП.

Мостот беше итно затворен на 3 јануари, по барање на Државниот сообраќаен инспекторат, откако од Градежниот факултет стигнале резултатите од редовната контрола која се извршувала два пати годишно, на оштетени мостови. Тие покажале дека мостот е небезебден.

Оттогаш сообраќајот е низ центарот  на градот, има голем застој, колони возила а товарниот сообраќај   се одвива низ  Велес ноќе.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати